Македонскиот идентитет е заштитен за век и векови – порача денеска во Собранието премиерот, Зоран Заев. Образложувајќи го Предлогот за пристапување кон уставни измени, тој рече дека со прифаќање на Договорот од Преспа, ќе се декларира политичката независност на соседните земји, како и дека ќе се заштити територијалниот интегритет на Македонија.
,,Првите чекори се веќе направени. Членството на Македонија во ЕУ гарантира силна и правна држава. Интеграцијата не може да биде попречена”, кажа Заев повикувајќи ги пратениците да се обединат за најприоритетните државни прашања.
Веднаш по него за збор се јави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељаноски кој им порача на политичките опоненти дека немаат дво третинско мнозинство за менување на Уставот.
Тој реагираше дека Договорот од Преспа бил донесен без јавна дебата со опозицијата. Бил потпишан набрзина, ставајќи ја Македонија во потчинета позиција.
,,Ако го потценувате народот тој ќе примети и ќе ви врати”, посочи Вељаноски по што ја напушти салата.
Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.