На улицата „Народна револуција“ во Куманово синоќа во 19:15 часот било пријавено дека велосипед управуван од М.К.(18) од с.Биљановце-кумановско, удрил во пешакот Ј.Б.(68) од Куманово соопшти МВР.
Со тешки телесни повреди се здобила Ј.Б., која била пренесена во Ургентниот центар во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.