Пожарникари од Струмица учествуваат на НАТО вежба во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/18 8:35 AM

Пожарникари од Струмица учествуваат на НАТО вежба во Србија

Во рамките на  Репуличките сили за заштита и спасување се и десет пожарникари од ТППЕ Струмица. Тие заедно со други припадници на силите учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018″ што се одржува во Младеновац, Република Србија.

Според командирот на ТППЕ Струмица, учеството на десетмината пожарникари од Струмица на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.

Вежбата е под покровителство на НАТО и трае до 12 овој месец.

Извор:МИА