Фондацијата Метаморфозис заедно со УСАИД – Проект за граѓанско учество, денеска во Штип го презентираа новиот повик до граѓански организации, со кој се предвидува финасирање на седум проекти во висина до 90.000 долари.
Од граѓанските организации се очекуваат идеи за одржливи заедници и градови, потоа поддршка на организации кои ќе работат во компонентата на издржливост на заедницата во Националната стратегија на Владата на Република Македонија за борба против насилниот екстремизам и во доменот на социјалното претприемаштво.
Директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД, Едвард Гонзалес презентирајќи го очекувањето за граѓанските идеи, рече дека граѓанските организации беа светлото, кое за време на политичката криза укажуваше на недостатоците на власта. Тоа придонесе за демократизација на процесите и општеството. Гонзалес најави дека остануваат со поддршката за овие организации, кои продолжија да ја играат улогата на контролор на власта.
-Сметам дека владата успеа да усвои инкулзивен и танспарентен дискурс, но граѓанските организации и понатаму треба да бидат поддржувани во вршењето на нивната улога на воч дог или следачи на работата на власта. Затоа од таа причина, УСАИД продолжува да поддржува проекти, како тие на Платформата за спречување на корупција и на Центарот за граѓански комуникации , бидејќи тие ја играат вистинската улога на воч дог, бидејќи тие се оние кои ги следат постапките на владата и отчетноста во работењето, рече Гонзалес.