По неколкудневното жалење на тетовци дека водата има невобичаен вкус и мирис од Еко Герила сметаат дека надлежните треба да понесат одговорност во врска со проблемот на водата за пиење. Од центарот за јавно здравје Тетово, остануваат на ставот дека нема место за паника и водата е хемиски и бактериолошки исправна за пиење.
Од Еко герила побараа одговорносот од надлежнтие како од локалните така и од централните власти во врска со променетиот вкус и мирис на водата за пиење.
„Имаме молк и неодговорност од градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, која во хаотична ситуација како ова не успеа да го адресира и разјасни проблемот со водата. Граѓаните се збунети и во паника за тоа како да се постават кон вода за пиење за нив и нивните деца.Бараме директна одговорност и на премиерот Зоран Заев за последователни скандали кои се случуваат во нашиот град, како резултат на неспособноста во работење на општината и на градоначаничката Арифи. Проблеми со вода за пиење, за ѓубре, нечистотијата во градот, узурпација на јавните простори, финансиска нетранспарентност, градски сообраќај, паркинг, итн. На раководни позиции , се поставуваат неспособни и некомпетентни луѓе за задачите и должностите што треба да ги извршуваат. Премиерот лично беше дел од кампањата за избор на градоначалникот што го имаме. Итно бараме од Владата да и ги одземе надлежностите на општина Тетово заради неможноста да се справи со градот и со секојдневните проблеми со кои се соочуваат, се вели во соопштението на невладината Еко Герила.
Во меѓувреме граѓаните и денеска со реакција за променетиот вкус и мирис на вода.
Зоран Димовски