Тина Тарнер се отвори за нејзиниот обид за самоубиство за време на нејзиниот брак со Ајк Тарнер – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/18 12:48 PM

Тина Тарнер се отвори за нејзиниот обид за самоубиство за време на нејзиниот брак со Ајк Тарнер

Во новиот извадок од нејзините претстојни мемоари, Тина Тарнер открива дека се обидела да се самоубие кога нејзиниот поранешен сопруг, Ајк Тарнер ја злоупотребувал .

Пејачката се сеќава на ужасната емоционална и физичка злоупотреба што ја претрпелa од рацете на нејзиниот сопруг во текот на нивниот брак во нејзините претстојни мемоари, “Мојата љубовна приказна”, и го споредува сексот со починатиот музичар со “вид силување”.

Се се случи една ноќ во 1968 напиша Тина: „Едноставно не можев да издржам повеќе,и голтнав 50 апчиња за спиење“.

Тина ги зела апчињата пред настап,а ефектите почнала да ги чуствува пред да излезе на сцена.Пејачката била однесена во болница, и откако се опоравила веднаш се вратила на сцената.

Тина и Ајк се запознале кога таа била 17, а тој 25 години.Пејачката опишува како била злоупотребувана:„Ајк го користеше мојот нос како боксерска вреќа толку многу пати што често можев да почувствувам крв како тече низ моето грло додека пеев. Првиот пат кога ме удри бев бремена. Ми ја скрши вилицата и ме малтретираше, а скоро и да не се сеќавам на ден без да имам модринка на окото“.

Опишувајќи ги повредите како “ознаки”, Тарнер објаснува дека верува оти злоупотребата е начин на Ајк да  преземе сопственост на неа и објаснува како станал понасилен како резултат на неговата употреба на дрога.

Автобиографијата „My Love Story“ ќе биде објавена на 18 декември, а издавач е британскиот Daily Mail.