Кај четири лица, две од Тетово и две од Гостивар пронајден е кокаин. Во првиот случај, кокаинот е понајден вчера околу еден часот по полноќ кај 48-годишниот Ј.С. и 34-годишниот В.Т. од Тетово, додека ден претходно околу 22 часот во Гостивар од слобода се лишени А.М. (37) од Скопје и А.Ј. (46) од Гостивар бидејќи кај нив е пронајден кокаин.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.