Фатално нуркање – Ајкула долга скоро шест метри на нуркач му скинала главата – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/23 6:54 PM

Фатално нуркање – Ајкула долга скоро шест метри на нуркач му скинала главата

Голема бела ајкула обезглави нуркач пред шокираните рибари во близина на брегот на Мексико во првиот фатален напад на ајкула оваа година.

Мануел Лопез, кој имал 50 години, на 5 јануари нуркал во залив на западниот брег на Мексико кога го нападнала ајкула висока 5,7 метри, пишува Слободна Далмација.

Ајкулата му ја скинала главата на Лопез во тој ужасен напад.

„Нуркаше кога животното го нападна, му ја откина главата и ги изгриза двете рамења“, рекол рибар кој бил сведок на нападот.

Лопез нуркал без воздушни боци кога предаторот го нападнал.

Очевидец изјавил дека неколку дена пред нападот во областа биле видени неколку ајкули и дека рибарската екипа била подготвена за можни напади.

„Локалните нуркачи беа предупредени за присуство на ајкули во тој регион и повеќето од нив не влегоа во морето неколку дена“, вели рибарот.

Големите бели ајкули можат да пораснат до 6 метри долги, а тежат до 2 тона и имаат до 300 остри остри заби.

Кога напаѓа, предаторот може да плива со брзина до 35 милји на час, воден од исклучително силно сетило за мирис, но обично лови китови, морски лавови, делфини и желки.

Луѓето често ги мешаат со фоки, особено кога носат костими за нуркање. Тие обично се оддалечуваат откако еднаш ке го каснат, кога ќе сфатат дека човекот не е нивниот природен плен, но штетата предизвикана од само еден силен залак често е фатална.

Извор: Слободна Далмација