Светот беше шокиран од веста дека мајката од Масачусетс, Линдзи Кленси ги удавила своите три деца, по што се обидела да си го одземе животот.
Нејзиниот сопруг испратиl потресна порака, во која ги моли луѓето да и простат, бидејќи „вистинската Линдзи“ неизмерно ги сакала своите деца.
„Сакам да ве замолам сите да и простите на Линдзи, како и јас. Вистинската Линдзи беше дарежлива кон сите – мене, нашите деца, семејството, пријателите и нејзините пациенти. Сè што сакам за неа сега е некако да најде мир“, напишал Патрик Кленси, според Њујорк пост.
Потресните зборови на скршениот сопруг и таткото доаѓаат откако Линдзи (32) во средата беше обвинета за убиствата на нејзината 5-годишна ќерка Кора, 3-годишниот син Досон и обидот за убиство на 8-месечниот син Калан.
Кора и Досон беа прогласени за мртви во болница. Иако лекарот допрва треба да ја утврди причината за смртта, се чини дека децата биле задавени.
Калан, кој во четвртокот наполни 8 месеци, беше пренесен во критична состојба во детската болница во Бостон, каде што почина во петокот.
Според полицијата, Линдзи ги задавила своите три деца кога нејзиниот сопруг Патрик отишол да купи храна. По извесно време се вратил и ги затекнал децата „онесвестени, со очигледни знаци на траума“.
Линдзи потоа се обидела да си го одземе животот скокајќи од прозорец, но преживеала.
Извор: Nova.rs
Фото: Фејсбук