Дали Македонија станува гробница за животни? По Струга и во Гостивар масовно труење на уличните кучиња! – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/23 2:58 PM

Дали Македонија станува гробница за животни? По Струга и во Гостивар масовно труење на уличните кучиња!

Граѓани информираат дека ноќеска на повеќе локации во Гостивар се случиле неколку масовни труења на кучиња.
Оваа уште една граѓанска монструозност, по масовното труење и убивање во Струга, кои ја направија Македонија масовна гробница за животни.
Една од жителите на Гостивар, која раскажа за човечката негрижа, како и на негрижата на локалните институции, е пејачката на групата „ареа“, Ружица Брчиоска.
Таа на својот Фејсбук профил напиша:
-Минатата ноќ, сабота 28 јануари, јас, мојот сопруг и наш пријател шетајќи низ гостиварските улици бевме потресени од ужасна глетка: куче во грчеви и страшни маки полека умираше, а еден човек клечеше до него и го гледаше, не можејќи да му помогне. Очигледно кучето беше отруено.
Подоцна се сретнавме со уште еден наш пријател од другиот крај на градот кој ни опиша друга слика каде повеќе улични кучиња лежат и умираат отруени на една друга улица. Убиствата се извршени, но јас сакам да прашам дали е ова начин на справување со проблемите со уличните кучиња? И дали оној кој ова го извршил и оние кои го поттикнале на тоа направиле добро дело или извршиле удар врз животот? Да и во животните е животот пријатели. Ве молам немојте да пишувате коментари дека човечкиот живот е поважен, тоа го знам. Секако постои цивилизиран начин да се реши проблемот со кучињата скитници , вели Ружица и додава:
-А оние кои ги вршат овие грозни дела, а и оние кои цело време поттикнуваат на тоа, нека ги носат на душа (ако воопшто имаат душа) маките на животинчињата и еднаш ќе мора да ги осетат на своја кожа. И ќе ги изблујат. Зошто, што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. А оние кучиња кои останаа во живот ги видоа и ги осетија маките на оние кои умираа. И ја примија таа енергија, зошто животните комуницираат преку енергии. За нив веќе човекот е закана и во човекот гледаат непријател. И ќе станат уште поагресивни и ќе касаат. Но може ли тоа да се исправи со убивање и истребување на уличните кучиња? Можеби еден ден ќе посегнеме и по домашните миленичиња, вели налутено Ружица.
За масовно труење на кучиња во Гостивар информира и порталот Гостиивар пред од каде ја позајмивме и фотографијата: