(Видео) Вака плачат најдобрите! Ноле уште еднаш докажа зошто е најдобар – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/23 1:39 PM

(Видео) Вака плачат најдобрите! Ноле уште еднаш докажа зошто е најдобар

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија Опен!

Новак Ѓоковиќ повторно прв на АТП листата! Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња!

Новак Ѓоковиќ ја освои Австралија една година откако беше депортиран од таа земја како криминалец.


И, секако, камен од срцето на српскиот тенисер падна кога во финалето го совлада Стефанос Циципас.

Прво мирно ја прифати победата, се прости од ривалот, а потоа замина во својата ложа.

Сè изгледаше нормално. Новак лудо славеше со својот тим, а потоа ги прегрна братот Марко и мајката Дијана.
Целосно се скрши, почна да плаче и паднал на подот.


Тие моменти траеја како цела вечност, а емоциите се префрлија од ложата на останатите трибини, па многу фанови на најдобриот тенисер на светот беа во солзи.

Извор: Курир