(Вознемирувачко видео) Автобус слетал во езеро, патниците во паника се спасувале од давење – Несреќа во Турција, за среќа без жртви – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/23 11:55 AM

(Вознемирувачко видео) Автобус слетал во езеро, патниците во паника се спасувале од давење – Несреќа во Турција, за среќа без жртви

Надзорната камера на автобус го снимила драматичниот момент во кој возачот изгубил контрола над возилото, кое потоа со сите патници паднало во езеро.

Во средата, возач на автобус се обидел да се качи на траектот на фериботот Атабеј во областа Баталгази во источна Турција. Сепак, изгубил контрола над возилото, кое паднало во езерото. Страшните моменти од несреќата ги снимила надзорна камера во автобусот.

Возачот, но и патниците доживеале драматични моменти, но за среќа граѓаните кои биле сведоци на несреќата веднаш дошле на помош и почнале да ги кршат стаклата на автобусот за да ги извлечат патниците и да ги однесат на безбедно.

 

Видеонадзорната камера од предниот дел на автобусот покажува како возачот почнува да губи контрола неколку моменти пред ужасниот инцидент. Само неколку секунди подоцна автобусот паднал во езерото и огромно количество вода, како огромен бран, почнала да навлегува во автобусот, пишува Дејли Мејл.
Локалната противпожарна служба во Малатја излегла на местото и им помогнала на останатите патници.

По итната интервенција, на местото на несреќата пристигнала специјалистичка екипа за подводно спасување за да провери дали во автобусот нема повеќе заглавени лица.

По несреќата три лица се повредени и пренесени во локална болница. За среќа, никој во автобусот не се здобил со повреди опасни по живот. Во меѓувреме почнало да се работи на отстранување на автобусот од езерото, а истрагата за причините за инцидентот е во тек.

ИЗвор: Дневник.хр

Фото: Јутјуб принтскрин