Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во телевизиско интервју изјави дека преговарачката рамка со Македонија е вистински потег, а ново вето ќе биде грешка.
-Ќе биде голема грешка повторно да се запре европскиот пат на Северна Македонија. Мораме да инсистираме на спроведување на преговарачката рамка“, кажа Захариева.
Заменичката претсетседателка на партијата ГЕРБ Захариева рече дека прифаќањето на францускиот предлог на ЕУ за преговарачката рамка со Македонија беше вистински потег.
-Тоа на некој начин ја ескалира ситуацијата во Северна Македонија, што уште еднаш кажува дека овој предлог е правилна одлука. Тамошните власти треба да се обидат да ја смират тензијата, а не да ја ескалираат. Се додека не го препознаат проблемот и не почнат да работат, нема да го решат“, изјави Захариева.
Според неа, барањето на Слави Трифонов да се врати ветото за Македонија им помага на тамошните радикали.
Слави Трифунов вчера повика на враќање на ветото.
-Цело време бевме против тргање на ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ, зашто единствениот начин да ги натераме Македонците да не’ слушаат е да не паѓа ветото, кажа Трифонов.