На социјалните мрежи се споделуваат иницијативи за активни блокади во близина на граничните премини со Бугарија, од каде се очекува на 4 февруари да пристигнат групи бугарски државјани на чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Најавени се две блокади на патиштата кај граничните премини Крива Паланка и Делчево, додека кумановчани најавуваат блокади со трактори.
Друга иницијатива повикува на деноноќни граѓански стражи на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
Засега нема реакции од институциите, но затоа се истакнуваат плановите на одделни групи и политичари во соседна Бугарија да дојдат и оддадат почит на гробот на Делчев.
Македонската влада на одговори на иницијативата на претседателот Стево Пендаровски да се забрани влез на бугарски државјани. Повикан да одговори на прашањето дали ќе го вратат од граница европратеникот Ангел Џамбаски, рече дека за тоа ќе одлучат на 4 февруари.