Се самоуби мажот кој утрово ја претепа и пукаше во девојката – Пред 13 години си го убил братот за 500 евра и лежел 13 години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/23 5:37 PM

Се самоуби мажот кој утрово ја претепа и пукаше во девојката – Пред 13 години си го убил братот за 500 евра и лежел 13 години затвор

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес, информира порталот батали.нет.

Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец, пишува порталот.
Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил.

Батали.нет дознава дека се работи за 38-годишниот Зоран Тодоровски, кој на крајот на 2008 година го уби својот брат и беше осуден на 13 годишна затворска казна.

Тогаш Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес од  13 години затвор за велешанецот Зоран Тодоровски (тогаш 25години) бидејќи кон крајот на претходната година по меѓусебна расправија го убил брата си Ане Тодоровски ( тогаш35 години).

Како што пишуваа тогаш медиумите Зоран бил е виновен бидејќи убиството го сторил со умисла а како олеснителна околност е земена во предвид неговата младост, пред 13 години. Во завршниот збор обвинетиот изјавил дека се кае и многу ми е жал за стореното дело

– Иако со брат ми не живеевме повеќе години, не значи дека нe го сакам. Се каам за тоа што го сторив, во притвор четири пати се обидов да се самоубијам бидејќи многу ми е жал за братот – изјавил тогаш Зоран Тодоровски.

Според медиумите тогаш причина за расправијата по која Зоран со три убоди од нож го усмртил брата си биле  нарушените односи од поодамна поради тоа што Зоран украл злато во вредност од 500 евра од Ане.

Сведок на смртта на татка си  бил синот Виктор поради што го носеле на психијатар. Психијатриското вештачење покажало дека во моментот на чинот Зоран Тодоровски бил целосно пресметлив и свесен за последиците .

Трагедија во Велес! Дечко претепал девојка и со прострелна рана во стомакот итно префрлена во болница