Мелани Грифит, актерката и поранешна сопруга на Антонио Бандерас, отсекогаш била опседната од физичкиот изглед, обидувајќи се да изгледа што поубаво и помладо.
До каде отишла со естетските зафати покажуваат шпекулациите дека сопругот ја оставил затоа што претерала со интервенциите.
Судејќи според фотографиите кои ги направиле папараците додека таа се шетала по улиците на Беверли Хилс, може да се заклучи дека повеќе пати отишла под нож, не се знае точниот број на нејзините операции.
Лицето на актерката е видно деформирано, а во една прилика и самата призна дека е непрепознатлива поради операциите.
„Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да велат: „О, Боже мој, што направи таа?!“. “Толку ме болеше што отидов кај друг лекар и почнав да ги поправам сите срања што ми ги направи еден доктор. За среќа, сега изгледам понормално”, рекла Мелани.
Се трудела на секој начин да се подмлади за да го задржи поранешниот сопруг Антонио Бандерас кој ја изневерувал на секој чекор. Сепак, таа одлука беше контрапродуктивна, бидејќи Бандерас ја напушти токму поради таа причина.
И покрај тоа што нејзиното лице е деформирано, актерката во 7-мата деценија има линија на која би и позавиделе нејзините многу помлади колешки.
Извор: Курир.рс
Фото: Јутјуб принтскрин