Детскиот фестивал „Весело штурче“ го објави новиот конкурс за изведувачи и автори – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/23 1:10 PM

Детскиот фестивал „Весело штурче“ го објави новиот конкурс за изведувачи и автори

Детскиот фестивал „Весело штурче“ кој по 25 години лани се врати пред штипската публика, официјално го објави новиот конкурс за 2023 година. Се бараат автори за детските песнички а и учесници – деца од шест до 12 години.

– Имаме пријава за аудиција за децата кои сакаат да учествуваат и пријава за автори. Конкурсот почнува од 25 јануари и ќе трае се до први март. Од први до 15 март ќе има аудиција од децата кои ќе се одберат, дел како солисти, а дел во хорот, вели директорот на фестивалот Филип Стевановски.

Традиционално фестивалот ќе се одржи во септември, а ќе учествуваат 20 солисти, додека бројката за хорот е неограничена.

Стевановски вели дека оние што учествувале лани можат повторно да се пријават, но приоритет ќе имаат оние кои се новопријавени.

– Ако ги избереме истите солисти од минатата година ќе имаме исти фестивал, со разчични песни, вели директорот.

Инаку децата кои учествуваа лани, во последните четири месеци имале повеќе настапи низ државата со цел постојано да се едуцираат и да бидат со музиката.