Џевдет си оди дома!
Вака гласи објавата на Фејсбук на Мирјана Бурмузоска, која беше дел од тимот лекари на втората трансплантација на црн дроб, која на 4 јануари беше извршена на Клиниката за анестензија, реанимација и интензивно лекување и која донесе втор живот за Џевдет.
Донатор е пациентка со мозочна смрт од единицата за интензивно лекување на Клиника за неврохирургија.
Нов почеток за Џевдет. Секоја чест, анестезиолозите и анестетичарите, врската помеѓу сите останати тимови, најбитниот дел од сложувалката наречена трансплантација… За сите дискусии меѓу нас, за сите прочитани трудови, за сите споделени искуства, за сите научени новини, за сите непреспиени ноќи, за сите дилеми и тешки одлуки, за сите падови, за секоја минута во овие 3 недели посветена на пациентот, за трудот на секој од нас за ова да биде успех. За уште многу големи соништа пред нас, напиша Бурмузоска.
Успешната трансплантација на црниот дроб е направена од страна на тим од доктори преводени Проф. Зоран Караџов, заедно со колегите Проф. Антовиќ, Асс. Огњеновиќ и Асс. Рушити и специјализантот Д-р. Китевски. Предводник на анестезиолошкиот тим е Прим. Д-р. Спировска, заедно со колегите анестезиолози Д-р. Бурмузоска, Д-р. Наумовски, Д-р Агуши и Д-р Огњанова и анестетичари с. Слаѓана, с. Ивана, с. Анета и перфузионист с. Виолета Котевска.
Три недела после операцијата пациентот бил третиран на Клиниката за дигестивна хирургија, во координација со вработените од Клиниката за гастроентерохепатологија. Целиот процес е координиран од страна националниот координатор Д-р Мојсова и клиничките координатори од Клиниката за анестензија, реанимација и интензивно лекување Д-р Андоновска и Д-р Дурнев.