(Видео) Скандал! Свекрвата ја зграбила Шакира за уста – „Пике, ти си срам за мажите“, бесни се твитерџиите – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/23 7:34 PM

(Видео) Скандал! Свекрвата ја зграбила Шакира за уста – „Пике, ти си срам за мажите“, бесни се твитерџиите

Шакира и Пике се разделија во  2022 година, откако се проширија гласини за неговата наводна прељуба.

Тие набрзо потврдија дека се разделуваат по повеќе од 10 години голема љубов, а старателството над нивните два сина и припадна на Шакира. Сите мислеа дека оваа разделба ќе помине мирно, но вистински скандал настана кога Шакира сними „одмаздничка“ песна во која го прозва поранешниот партнер, но и ја поткачи мајка му Монсерат Бернабеу.

Пике набрзо и возврати на Шакира,  а потоа пејачката ја осудија што  на својата тераса стави кукла-вештерка со која би ја исплашила бившата свекрва. Потоа светските медиуми објавија дека Шакира одлучила да изгради ѕид меѓу неа и вилата на нејзината свекрва, а видеото со бетонска мешалка се појави.на мрежите.

Сепак, новото видео кое дури сега стигна во јавноста го смени мислењето на многумина. Во него се гледа како Шакира и нејзината свекрва се расправаат, а во еден момент мајката на Пике ја фати снаата за лице, додека пејачката нагло ја тргна нејзината рака, апотоа Монсерат  и кажа низ заби: „Мораш да ја затвориш устата“, обидувајќи се да ја замолчи пејачката.

Ова е само дел кој покажа каква тортура доживеала Шакира со Пике, кој за време на оваа расправија стоеше настрана и избра да не ја заштити својата сопруга. Твитерџиите се бесни, а осудите против Пике и неговата мајка само продолжуваат.

„Бесен сум,  бесен сум. Замислете некој да се осмели вака да ви ја фати главата пред сите“, „Ама Пике кој не реагира е срам за мажите“, „Со недели глуми светица, а сега го покажа своето вистинско лице. Срам да ти е Монсерат“, „Кој знае колку време Шакира го трпела ова“, „Сега ми е јасно зошто  држеше кукла- вештерка на балкон“… е само мал дел од коментарите на видеото кое ги вжешти мрежите , додека светските медиуми се уште шумолат за познатата тегла благодарение на која Шакира наводно го фатила Пике како изневерува со студентката Клара Чиа Марти.


Извор: Мондо

Фото: Инстаграм