Луѓето секогаш бираат жртви кои се послаби од нив.
Така се сигурни дека ќе може да ги измамат жртвите и да го добијат она што го сакаат. Поради тоа тие често се одлучуваат да нападнат постари луѓе, кои нема да сфатат што се случува.
Токму со такво нешто се соочила 73-годишна жена од Њујорк, кога непознат маж ѝ се јавил за да ѝ соопшти дека нејзиниот внук е уапсен поради возење во погрешен правец. Жената веднаш сфатила дека се работи за измама, со оглед на тоа дека нејзиниот внук е премлад за да вози, но измамникот не очекувал дека измамата ќе го чини слобода.
Всушност измамата вклучувала неколку повици од различни мажи. Едниот од нив рекол дека е полициски службеник, а друг дека е адвокат на внукот барајќи 8000 долари за да го спаси. Старицата не размислувала многу и решила да ја игра нивната игра. Таа им рекла дека ги има парите, но дека ќе мора да дојдат по нив. Потоа повикала полиција и раскажала сѐ. Набргу пред нејзината врата дошол измамникот кој глумел службеник кој доаѓа по кауцијата, а старицата му дала коверт во кој, како што раскажала потоа, имало тоалетна хартија.
Крадецот се израдувал мислејќи дека на лесен начин заработил 8000 долари, но не очекувал дека зад аголот веќе го чека полицијата која го привела бидејќи се обидел да ја измами старицата.
Оваа жена им покажа на сите дека со годините можеби се губи силата, но не и мудроста.