Притвор за младиот струмичанец осомничен за убиството на 83-годишната жена – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/23 3:43 PM

Притвор за младиот струмичанец осомничен за убиството на 83-годишната жена

Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор.

Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство. Притворот му е одреден по член 123 од Кривичниот закон, став 2, точка 4 за кривично дело „убиство”.

Инаку, П.И. се сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б. од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди, таа починала.

Тој одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот, извршен по наредба на ОЈО Струмица.