Парис Хилтон стана мајка, доби син преку сурогат мајка – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/23 8:39 AM

Парис Хилтон стана мајка, доби син преку сурогат мајка

Парис Хилтон денеска ги изненади своите следбеници со објава на Инстаграм во која се пофали дека станала мајка.
– Веќе си толку сакан што е невозможно да се опише – напишала во описот на фотографијата на која го држи бебето за рака.

Хилтон ја потврди веста за новороденчето за магазинот Пипл и го откри полот на бебето. Таа нагласи дека отсекогаш сакала да стане мајка.
– Отсекогаш ми бил сон да станам мајка. Среќна сум што јас и Картер се најдовме. Возбудени сме што ќе основаме семејство заедно. Срцата ќе ни пукнат од љубов кон нашето малечко момче – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Сопружниците добија дете преку сурогат мајка. Ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг Картер Реум има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лора Белизи.