Бугарија повторно оди на парламентарни избори – вратен и третиот мандат – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/23 9:33 AM

Бугарија повторно оди на парламентарни избори – вратен и третиот мандат

БСП му го врати на бугарскиот претседател Румен Редев неисполнетиот трет мандат за формирање влада, со што Бугарија влегува во нов циклус на предвремени парламентарни избори. Попладнето ќе се разговара за распуштање на Народното собрание и датумот на новите избори.

Претседателот Румен Радев најави дека во 14 часот ќе разговара со раководството на Централната изборна комисија за подготвеноста за одржување на избори, по што ќе одлучува за распуштање на 48. Народно собрание и датум за следните парламентарни избори.

-Направивме се што е потребно за да го исполниме третиот мандат. Од нашите средби гледаме дека луѓето се уморни од избори, апатија кон политичкиот живот. Главната цел е да ги убедиме луѓето дека е важно да гласаат“, рече претседателката на БСП, Корнелија Нинова, која очекува тешка кампања.

Крајот на март или 2 и 23 април се можните датуми за нови предвремени избори.

Во меѓувреме, Народното собрание денеска на вонредна седница ќе расправа за инцидентот во Охрид и нападот на секретарот на бугарскиот културен центар Христијан Пендиков, кој е на лекување во Бугарија.