(Видео) Бијонсе настапи на приватна забава во Дубаи за 24 милиони долари, ЛГБТ и се налутија – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/23 9:28 AM

(Видео) Бијонсе настапи на приватна забава во Дубаи за 24 милиони долари, ЛГБТ и се налутија

Бијонсе настапи во Дубаи за дури 24 милиони долари на отворањето на луксузниот хотел Atlantis the Royal”, а овој настап беше по петгодишна пауза.

Концертот траеше еден час, а во публиката беа бројни познати личности.

На сцената се појави и ќерката на пејачката, Блу Ајви, а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и родителите Тина и Метју Ноулс, објавија американските медиуми.

На настапот биле забранети телефони, како и снимање и фотографирање, но, и покрај забраната, некои „шверцувале“ мобилни уреди и ги снимале.
На социјалната мрежа Тикток се појавија снимки од настапот кои оставаат без здив, а пејачката никогаш не изгледала подобро.

@chuenechris There are vocalists and then there’s Beyoncé…. There are performers and then there’s Beyoncé… wow #fyp #beyonce #beyoncé #beyonceindubai #atlantisdubai #atlantistheroyaldubai #drunkinlove #beyoncedubai #dubai #beyhive ♬ original sound – chris chuene

Меѓутоа, ЛГБТ заедницата е несреќна затоа што нивната „икона“, која нема проблем со пари и која наводно ги застапува нивните права, решила да пее во земја која не ги признава истите тие права.

@beyoncevi a LEGEND #beyonce #beyoncé #grammys ♬ original sound – beyoncevi

Последниот албум на Бијонсе, „Ренесанс“, наводно ја слави црната квир култура и црпи инспирација од ЛГБТ иконите.
Музичките новинари тврдат дека нејзините последни дела се должат на ЛГБТ културата. Ова објаснува зошто за многу фанови е неприфатливо што таа го избрала Дубаи за враќање и за наводен хонорар од 24 милиони долари. Критичарите додаваат дека се знае дека Бијонсе е мултимилионер, па овие пари не и биле потребни.

Извор: телеграф/Н1