Штипјани годинава ќе плаќаат поскапа вода за пиење за 1,15 денари/м3 – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 2:29 PM

Штипјани годинава ќе плаќаат поскапа вода за пиење за 1,15 денари/м3

Водата која штипјани ја користат за пиење годинава ќе поскапи за 1,15 денари за метар кубен.

Ако лани домаќинствата плаќаа 35,10 денари плус ДДВ за метар кубен, годинава ќе плаќаат 36,25 денари. Исто толку ќе се плаќа и за одржување на зелени површини, а иста е и цената за спортско рекреативните центри и јавните институции.

Правните лица, пак, кои лани плаќаа 54,41 денари/м3 вода за пиење, годинава ќе плаќаат 0,04 денари помалку, односно 54,37 денари.

Поскапувањето е согласно одлука донесена пред две години од страна на ЈП „Исар“, а која е одобрена од РКЕ, за снабдување со вода за пиење и водоснабдување за периодот 2021-2023. Согласно одлуката донесена на четврти јануари 2021 година, штипјани во 2021 година користеле вода за пиење по цена од 33,76 денари/м3. Правните лица тогаш плаќале 52,33 денари. Во оваа одлука е наведено и зголемувањето за следните две години – 2022 и 2023. Одлуката на 18 јануари 2021 е објавена и во Службен гласник на Општина Штип, од кога и официјално влегува во сила.