Не ми е важно што ќе покаже истрагата, туку што кажа Христијан и мајка му, вели Османи – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 1:59 PM

Не ми е важно што ќе покаже истрагата, туку што кажа Христијан и мајка му, вели Османи

Министерот Бујар Османи при посетата на Софија, даде интервју за бугарскиот весник БТВ, каде највеќе беше прашуван за нападот на  Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

На прашањето дали знае зошто е извршен овој напад врз Пендиков, Османи рече:

– Мислам дека треба да почекаме да заврши истрагата, но за мене е важно што кажал самиот Христијан и неговата мајка, а причината е  неговата етничка припадност. И покрај тоа
напажачите го тврдат спротивното, дека претходно имале некакви разлики, мене ми е важно што вели жртвата и неговите родители. И затоа реков денеска- треба да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство, изјавил Османи за БТВ.