Невремето во Словенија ги блокирапатиштата, снегот направи колона возила и до 57 километри – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 1:05 PM

Невремето во Словенија ги блокирапатиштата, снегот направи колона возила и до 57 километри

Силно зимско невреме во Словенија го затвори крајбрежниот автопат кон Љубљана, а налетите на ветрот достигнуваат брзина и до 140 километри на час, јавуваат медиумите.

Во некои делови на Словенија дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Поради силни налети на ветерот медиумите информираат дека експресниот пат Випава меѓу Нанос и Село бил затворен во двата правци, на автопатот А1 Копер-Љубљана се создала колона до 57 километри, а луѓето во ред  чекаат повеќе од еден час.

 

 

Фото: Твитер