Трагедија во велешко – Пронајден мртов маж кај селото Богомила – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 12:47 PM

Трагедија во велешко – Пронајден мртов маж кај селото Богомила

Трагедија се случи во селото Богомила.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде што беше пронајдено тело на починато машко лице, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта.

По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.​​