„Сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија“, како што стои во објавата на Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија е причината поради амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов привремено се враќа во Софија. Ова го објави МНР на Бугарија, кое на својата интернет страна објави дека Ангелов е повикан на консултации во Софија.
Покрај состојба во однос на правата на Бугарите како втора причина се наведува и „ескалацијата на делата и злосторствата од омраза против нив во последните месеци“.
При тоа се наведуваат подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во Јуни 2022 година, три последователни напади врз зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година.
– Агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Република Северна Македонија, бруталната напад на 19 јануари 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид, како и донесувањето во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, пишува во објавата на МНР на Бугарија.
Ангелов, како што соопшти МНР, е повикан со цел да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за натамошен развој на билатералните односи.
Претходно, во петокот, МНР ја повика македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, да и’ биде врачена протестна нота во врска со инцидентот со секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.