Во април ланската година, светот го шокираше веста дека пејачката Наоми Џад извршила самоубиство, по што беше објавена и содржината на нејзиното проштално писмо.
„Не дозволувајте Ви да дојде на мојот погреб, таа е психички болна“,се наведува во писмото добиено од канцеларијата на шерифот во Тенеси, а зборот „не“ дополнително е повлечен.
Ви е всушност нејзината ќерка Винона Џад која била на погребот баш како и втората наследничка, актерката Ешли Џад. Наоми Џад ја добила ќерката Ешли во првиот брак, додека Винона ја родила додека била во врска со Чарлс Џордан.
Како што стојат работите, желбата на покојната славна пејачка не е остварена.
Полусестрите Џад беа во лоши односи, но смрта на мајка им ги зближи. Тие заеднички го поддржа нејзиното постхумно влегување во Куќата на славните од областа на кантри музиката. Набргу потоа сепак, старите проблеми испливаа на површина.
Во јавноста се појавија фотографии од креветот на Наоми Џад, испрскан со крв и слика од пиштолот со кој таа го направила самоубиството. Овде беа и документите во кои се наведува дека кога се наведува дека кога се случила трагедијата, нејзиниот сопруг, музичарот Лери Стрикленд бил на пат, како и дека таа не сакала да биде сама. Ќерката Ешли имала комплициран однос со мајка си, која ја обвинила за злоставување. Пред трагичниот настан таа забележала дека мајка ѝ е во манична состојба или во состојба на биполарно растројство, па го повикала семејниот лекар, но веќе било доцна. Актерката ја пронашла својата мајка во кревет, повикала Итна помош, по што е потврдено дека Наоми Џад е мртва.
Обдукцијата во август потврдила дека Наоми сама си го одзела животот. Наоми Џад (76) си пукала во глава, а претходно оставила порака – наведено е тогаш во извештајот, пишува Daily Mаil.
Според извештајот, пејачката имала анксиозност, депресија и биполарно растројство. Две недели пред смрта таа настапила со Ви на доделување награди за кантри музика. Со овој настап тие две всушност се смириле, а Наоми на последнто јавно појавување во дует ја извела нумерата „Love Can Build A Bridge“. Наоми Џад беше дел од дуото “The Judds”, најуспешниот кантри состав од осумдесеттите години кој продаде 20 милиони плочи.