„Почна да фрла сѐ низ собата, кршеше од бес“: Бурната врска на Неда Украден и нејзиниот партнер заврши поради неговите изливи на љубомора – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 7:00 PM

„Почна да фрла сѐ низ собата, кршеше од бес“: Бурната врска на Неда Украден и нејзиниот партнер заврши поради неговите изливи на љубомора

Неда Украден во текот на целата кариера важеше за голема заводничка.

Својот сопруг Милан Билбија таа го запознала многу млада, а по 10 години врска тие одлучија да се венчаат. Ја добија ќерката Јелена и беа во брак три години, но сѐ до смртта на Милан во 2013 година останаа во добри односи.

-Сите мои љубовни врски почнуваа идилично, но лошо завршуваа. Секогаш недостигаше трпение или доверба. Иако има љубов, секогаш нешто недостига…Мојот сопруг Милан го запознав за време на снимањето на емисијата „На ти“ која тој ја режираше. Имав 19 години и бев студентка на Филозофскиот факултет во Сараево, а нашата средба во редакцијата на ТВ Сараево беше судбинска и љубов на прв поглед. Нашата врска траеше десет години и заврши со брак кој се распадна за три години. Милан на почетокот го поддржуваше моето пеење, но подоцна не можеше да се носи со мојот успех и беше многу љубоморен. За среќа, ја дбивме ќерката Јелена, која ја разгаливме. Милан по нашиот развод повторно се ожени, но по тешката болест во 2013 година почина – ја почнува пејачката својата исповед за Хит Информер.

По разводот, нејзиниот љубовен живот го одбележа врската со докторот Момо Јаковљевиќ, како и романската со еден Американец кој сакаше да се ожени со неа.

„Ми се случи љубов во Белград со Момо Јаковљевиќ. Бевме речиси на исти години и со пропаднати бракови зад себе. Тој беше успешен доктор, а пред тоа се занимаваше и со манекенство. Не сакав да се откажам од пеењето, а не можев да се потпрам само на неговата плата, па раскинавме. Сепак, 30 години подоцна тој како доктор ѝ помогна на Јелена во нејзината трета бременост кога таа роди здраво момче, го роди мојот внук! Имав и момче кое се викаше Џорџ, од Америка. Со него раскинав поради преголема љубомора. Во текот на една наша расправија во хотелска соба тој направи неред и почна да фрла сѐ, во бес го скрши далечинското од телевизорот. Тогаш помислив дека е добро што не се омажив за него. Слушнав дека починал поради проблеми со срцето во својот стан на Флорида“, откри Неда.

Пејачката го памети своето среќни детство кое го имала во Далмација, односно во родниот град Имотски, а потоа со семејството се преселиле.

„Селењето за мене беше најтажниот и најболниот дел од моето детство, бидејќи многу го сакав тој град. И ден-денес ја чувствувам таа болка, како жива рана која не зараснала“, емотивна е пејачката, која признава дека се чувствувала многу осамено бидејќи немала ниту браќа ниту сестри, а во една прилика поради тоа, дури заминала од дома.

„Бев многу осамена, музиката ми беше прибежите за моите мечти и соништа, па тука ми беше поубаво отколку на јаве. Постојано се молев да добијам брат или сестра за да не сум сама. На пет години побегнав и тоа само затоа што ми требаше детско друштво. Слушнав дека децата одат на училиште, па тргнав по нив, влегов во училницата и седнав во последната клупа. За тоа време мојата мајка сфатила дека ме нема дома, па отишла кај татко ми во полиција и тогаш почнала потрагата по мене. Ангажирале многу луѓе, кучиња, службени автомобили. Ме барале насекаде, дури мислеле дека сум киднапирана. Потоа помислиле дека сум паднала во Дрина. Во целата таа збрка јас се вратив од училиште и видов многу полиција кај нас. Ми беше чудно,  а мајка ми и татко ми плачеа од среќа. Кога им кажав каде сум била ми ги истегнаа ушите, па веќе не ми падна на памет да направам такво нешто“, додава пејачката.