Додека полицијата интензивно трага по Лидија М., која е осомничена дека е одговорна за страотно злосторство, нејзиниот поранешен сопруг се обидува да најде одговор на многу прашања.
-Бевме заедно 27 години, имаме четири деца, не ми се верува дека таа би можела да направи такво нешто иако се води кон тоа. Со денови се прашувам дали била подготвена да го стави новороденчето во замрзнувач. Би сакал што поскоро да ја најдат, да се види дали имала соучесник или да каже дека некој и наредил да го направи тоа. Дали е нејзино детето што и да е, само би сакал да ја знам вистината – изјавил разочаран Зоран за српски Телеграф и додава:
– Генерално е тивка и повлечена жена, но имаше психички проблеми. Постојано и велев дека ќе и помогнам ако има потреба, но таа не сакаше. Таа заминуваше повеќе пати од мене, скоро секогаш знаев каде е, но не овој пат, вели Зоран.
Зоран М. го пронашол телото на бебето во замрзнувач во неговата куќа додека го чистел. По грозоморната глетка што ја затекнал, ја известил полицијата која му ја земала ДНК за да утврди дали е тој татко на бебето. Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција на пронајденото тело за да се утврди полот на детето, причината и начинот на смртта, по што може да се разреши мистеријата. Можно е бебето да било фрлено во замрзнувач пред неколку години.
„Мислев дека е леб, но кога отворив се шокирав“ – Пронајдено мртво бебе во фрижидер во Србија