„Носиш марама, а нозете голи, не ја почитуваш земјата која те храни“ – Фанови ја критикувале Георгина – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/23 8:59 AM

„Носиш марама, а нозете голи, не ја почитуваш земјата која те храни“ – Фанови ја критикувале Георгина

Невенчаната сопруга на Роналдо, Георгина Родригез  објави слика на Инстаграм со марама и фустан со длабок шлиц, што предизвика многу реакции на Инстаграм.

На доделувањето на Joy Awards се појави во кадифен фустан со шлиц, а имаше и деколте и скап накит. Изгледот го комплетирала со црн шал, ао кој сакала малку да го ублажи впечатокот.

Меѓутоа, во коментарите е нападната токму поради шамијата, дека треба да го почитува хиџабот, тоа не е моден додаток“, напишал еден следбеник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


„Треба да ја почитувате земјата во која дошла“, „Ја покрила главата, а ги покажа нозете“, „Таа марама и фустан не одат заедно“, се само дел од коментарите, најчесто од локалните жители, но затоа други обожаватели ја пофалија дека била единствената со покривка на главата на доделувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина и Роналдо се соочија со голем број проблеми при пристигнувањето во Саудиска Арабија, а еден од најголемите проблеми е тоа што не се во брак и живеат заедно, што според саудиските закони не е дозволено, но им прогледале низ прсти. На луѓето им пречи и начинот на кој Георгина е претставена во јавноста, односно тоа што и е тешко да се навикне на правилата за облекување кои важат во Саудиска Арабија.

Извор: Индекс.хр

Фото: Инстаграм