Кривична пријава против велешанец, ширел говор на омраза коментирајќи на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/23 4:58 PM

Кривична пријава против велешанец, ширел говор на омраза коментирајќи на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коменар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство – соопшти денеска МВР.