„Умирам од среќа“: Антониа Гиговска објави дека ќе стане мајка – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/23 2:10 PM

„Умирам од среќа“: Антониа Гиговска објави дека ќе стане мајка

Музичката ѕвезда, Антониа Гиговска денеска преку инстаграм објава сподели дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.

-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. Што мислите, машко или женско пишете во коментар (ние знаеме)  – пишува младата пејачка во својата најнова објава.

Таа откри и дека партнерот веќе ја запросил.

-ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè – додава Антониа во објавата, под која има низа коментари во кои нејзините фанови и колеги ѝ честитаат за убавите случувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)