„По толку алкохол, кокаин и хероин очекував дека ќе умрам на 30 години“ – Исповед на Дејвид Крозби за животот и дрогата – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/23 8:00 PM

„По толку алкохол, кокаин и хероин очекував дека ќе умрам на 30 години“ – Исповед на Дејвид Крозби за животот и дрогата

Пејачот, текстописец и гитарист, ко-основач на The Byrds и супергрупата Crosby, Stills & Nash, Дејвид Крозби, почина на 81-годишна возраст по долго боледување.
Двапати беше примен во Рокенрол Куќата на славните, а пет негови албуми беа вклучени во „Rolling Stone 500“ најдобрите хитови на сите времиња.
Неговата вдовица Jan Dance за „Варајети“ изјавила:
– Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и добра душа ќе продолжат да не водат и инспирираат. Неговото наследство ќе живее преку неговата легендарна музика. Им посакуваме мир, љубов и хармонија на сите кои го познаваа Давид и оние што ги допре. Многу ќе ни недостига. Во овој момент, со почит бараме приватност додека тагуваме и се обидуваме да се справиме со оваа голема загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите!
Меѓу неговите биолошки деца, тој имаше уште една ќерка и син, кои беа зачнати со донација на сперма од Џули Сајфер, тогашна партнерка на музичарката Мелиса Етериџ.

– Тој ми го даде најголемиот подарок – семејство. Засекогаш ќе му бидам благодарна. Неговата музика и наследство ќе инспирираат многу генерации што доаѓаат – напишала Мелиса.

Во 1983 година, Крозби беше осуден за кокаин и поседување пиштол. Тој побегна од Калифорнија во Флорида откако беше ослободен со кауција, на крајот и се предаде на полицијата во декември 1985 година. Тој отслужи пет месеци од својата петгодишна затворска казна пред да биде пуштен на условна слобода. Оваа затворска казна му помогна да остане чист:

– Ако видите некој како зема хероин, знајте дека има болки. Не сум имал тешки дроги околу мене 35 до 40 години. Многу ми е мило што поминав преку тоа – искрено зборуваше минатата година.

Во истото интервју, Крозби призна дека – по долгогодишна зависност од алкохол, кокаин и хероин – „очекувал да биде мртов“ на 30-годишна возраст:

– Мојата кожа е како ткиво, човече. Модринки, солзи… Сето тоа е дел од стареењето…

Извор: Нова.рс