Здружението „СОС Вита“ бара на лице со попреченост да му се овозможи да се стекне со возачка дозвола – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/23 4:32 PM

Здружението „СОС Вита“ бара на лице со попреченост да му се овозможи да се стекне со возачка дозвола

На лицата со попреченост, кои се способни да управуваат автомобил, да им се даде можност да се стекнат со возачка дозвола, беше побарано на денешната прес-конференција на Здружението „СОС Вита“.

Членот на Здружението, Живко Милевски појасни дека лице со посебна потреба на 19-годишна возраст, бара да му се издаде возачка дозвола, сметајќи оти е способно за полагање на возачки испит.

– Комисија за лекарски уверенија вели дека не може да добие уверение за да може да управува со возило од „Б“ категорија. Не му следувало, му велеле, додаде Милевски.

Членови на Здружението апелираа на лицето да му се овозможи да добие уверение и да може да полага возачки испит, затоа што му е потребно и тоа сака да управува со возило. Засега, лицето возело без возачка дозвола, па бара да му се овозможи да ја добие.

Претседателот на Здружението, Ертан Шаќири нагласи дека во Европа, на лица со дијагноза како неговата имаат право да возат автомобил.

– Како сакаме да влегуваме во Европа, кога нема правда за лицата со посебни потреби? Зарем во 21. век да не се слушаат овие лица?, праша Шаќири.

Од прес-конференцијата беше упатена порака за помош и поддршка за лицата со посебни потреби за да ги уживаат сите права како другите луѓе и да бидат еднакви со нив, затоа што, како што беше нагласено, на сите може да им се случи да им треба помош и поддршка.

Здружението „СОС Вита“, како што беше истакнато, има 300 членови и во него нема поделба по вера и нација.