“Роберта извини, кармата е кучка“ – Шокантна изјава на Рама во Давос за лицемерието на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/23 3:05 PM

“Роберта извини, кармата е кучка“ – Шокантна изјава на Рама во Давос за лицемерието на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама во вчера на претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецоли и рече дека „кармата е кучка“ мислејќи на големиот корупциски скандал што ја тресе институцијата во последните недели.

Рама посочи дека Европската унија сега бара повисоки стандарди од потенцијалните членки, како што е Албанија, отколку што нејзините членки се придржуваат, навестувајќи го лицемерието во однос на корупцијата на земјите кои веќе се во Унијата.

„Повеќе од половина од земјите на ЕУ веќе нема да можат да влезат во ЕУ. Не зборувам за поранешни комунистички. Зборувам и за основачите, верувајте ми“, рече Рама, говорејќи на панелот во Светскиот економски форум во Давос.
Европскиот парламент е во центарот на широка истрага за тоа дали странски влади, вклучително и Катар и Мароко, незаконски влијаеле на неговата работа. Во истрагата се вклучени поранешниот потпретседател на парламентот на ЕП, поранешен пратеник во ЕП, еден пратенички асистент и шеф на невладина организација, пишува политико.

Рама рече дека процесот на пристапување на земјите-кандидати е различен од времето кога земји како Малта, родната земја на Мецола, станаа членки на блокот, велејќи дека тој станал „неверојатно невротичен и нефер“. Албанија е рангирана на 110-то место според индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал, под Јужна Африка, Белорусија и Казахстан.

Мецола тогаш рече дека парламентот „отсекогаш бил исклучително позитивен кога станува збор за проширувањето на ЕУ, бидејќи многумина од нас се сеќаваат кога се приклучивме“. Но, додека Рама рече дека неговата земја учи од ЕУ како да гради демократски институции, тој сепак чувствува дека ЕУ ќе ја добие заслужената казна.

„Роберта, извини, морам да кажам, кога излезе овој случај на корупција. Реков: кармата е кучка“, рече тој.

Извор: Мондо

Фото: Фејсбук