Голем скандал ги потресе САД откако во јавноста протече информација дека мажена полицајка од Тенеси имала оргија со ни помалку ни повеќе туку со шест колеги
„Њу Јорк Пост“ пишува дека развратните забави се случувале и додека непослушните полицајци биле на должност, а полицајката Меган Хол (26) им праќала голи фотографии на своите „љубовници“, ги покажувала градите во џакузи, па дури и орално задоволувала двајца од нив на работното место. Освен тоа, се наоѓале и во хотели, на брод, како и во домовите на полицајците. Секогаш транспарентно им кажувала на сите дека е во „отворен брак“.
Откако избил скандалот, Меган и четворица колеги добиле отказ.
This is a wild ass description of events lmao pic.twitter.com/rnwTWY2CjZ
— Lance🇱🇨 (@BornAKang) January 12, 2023
Истрагата за необичниот случај започнала откако градоначалникот на малиот град Ла Верн добил дојава дека Хол има афери со неколку колеги и дека имала „тројка“ со еден од нив и неговата сопруга.
Полицаецот Патрик Маљоко признал дека спиел со фаталната полицајка повеќе пати, а открил дека Хол му се пофалила дека колегата Пауел има „голем и црн…“ и дека таа орално го задоволувала.
За ова дознала сопругата на полицаецот Пауел, која по шокот го претепала својот неверен сопруг и се заканувала дека ќе му ги одземе децата.
Друг полицаец, Холадеј, исто така, за време на испрашувањето потврдил дека имал интимни односи со Хол „неколку пати“, а третиот открил дека еднаш отишол кај неа дома со друга жена и „им ги покажал гениталиите“.
Така шокантната вистина полека излегла на виделина, но сопругот на сладострасната полицајка, кој исто така работи и како полицаец, но во друга станица, не се откажал од бракот! Американските медиуми пренесуваат дека на крајот решил да остане со сопругата и да се обиде да го спаси бракот, каков и да е тој.
Извор: Информер.рс
Фото: Јутјуб принтскрин