Зоран М.(62) од Земун, кој во четвртокот пријавил во полиција дека пронашол тело на бебе во замрзнувачот, за Нова.рс раскажа што точно се случило и посочи дека само тој и неговата сопруга имаат пристап до тој замрзнувач.
Телото на бебето е пренесено на ексхумација, а според медиумите потрагата по сопругата на Зоран е во тек.
„Ми се скрши замрзнувачот, па го повикав мајсторот. Рече дека мора да го одмрзнам и вчера го однесов да го исчистам, исфрлив се од него, а меѓу кесите беше и тоа“, ја започнува својата приказна Зоран за порталот нова.рс.
Тој вели дека околу 15 часот отишол да види како напредува одмрзнувањето и тогаш дознал за содржината на една од кесичките.
„Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб, а потоа видов дека е крпа. Кога ја отворив ќесата видов бебе“, вели тој.
Тој додава дека почнал да оди натаму=наваму од шок, а потоа го повикал синот и веднаш полиција.
Тој истакнува дека не знае од каде е телото на бебето и што се случило.
Тој наведува дека сопругата го напуштила во мај минатата година, а пристап до замрзнувачот имале само тој и таа. Тој вели и дека не знаел дека такво нешто има во замрзнувачот, а дека се уште е потресен.
Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете“, вели Зоран.
Медиумите јавуваат дека е во тек потрагата по сопругата на Зоран М, за да се провери дали има информации за овој случај.
Според пишувањата на медиумите, Зоран М неодамна со четири деца се вселил во куќа во Земун, каде живее како потстанар.
Телото на бебето е испратено на обдукција.