Зошто оваа зима кашламе подолго и повеќе? Лекарка ги објаснила причините и посоветувала- нема простор за паника! – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/23 9:02 AM

Зошто оваа зима кашламе подолго и повеќе? Лекарка ги објаснила причините и посоветувала- нема простор за паника!

Матичен лекар откри дека многу пациенти се жалат на особено долготрајна кашлица оваа зима и објаснува дека тоа би можело да биде затоа што луѓето едноставно зафаќаат една инфекција по друга.
Професорката Камила Хоторн, шеф на катедрата за семејна медицина на Кралскиот колеџ,  истакна дека респираторните инфекции оваа година траат подолго, а пациентите потешко се опоравуваат, додала и дека пациентите се опоравуваат без последици и без потреба на посета на лекар.

Истакнала дека карантините за време на пандемијата можеби ја намалиле отпорноста налуѓето на инфекции, но признава дека не е сосема јасно зошто кашлицата и настинката траат толку долго и зошто на луѓето им треба толку долго за да се опорават.

Истражувањата покажуваат дека стапките на инфекции на респираторниот тракт се далеку над просекот, што е потврдено од неделните податоци на Британската здравствена агенција за грип и други болести. Овој месец, возрасните кои не мора нужно да излегуваат, беа предупредени да останат дома за да се намали ширењето на инфекцијата.

„Не е сосема јасно зошто некои инфекции траат подолго од вообичаеното. Тоа го забележале и лекарите и пациентите. Поголемиот дел од јавноста беше изолиран во последните две зими и тоа очигледно ја намали отпорноста на инфекции. Затоа, во некои случаи, луѓето одеднаш се заразуваат со една инфекција, а потоа веднаш со друга. А бидејќи се работи за различни инфекции, преболувањето на едната не значи имунитет на другата“, вели Хоторн.
Таа вели дека на пациентите им се советува помалку да излегуваат во текот на зимата и генерално да внимаваат на хигиената, пишува Sky News.

Хоторн го препорачува вообичаениот парацетамол за ублажување на висока температура, болки во грлото или уво, внимавајте да не ви е ладно, да се одморите доволно и да пиете доволно течности.

Таа уште еднаш нагласува дека антибиотиците немаат ефект на вирусните инфекции, туку само на бактериските, а повеќето инфекции на респираторниот тракт се вирусни.

Затоа, ако кашлицата трае подолго, се влошува со отежнато дишење или ако почувствувате болка во градите или слабеење за краток временски период, побарајте лекарска помош.

Фото: Фрипик