Кристијан Нинески беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во реката Вардар и го извади осветениот крст.
нинески досега осум пати учестувал на манифестацијата, а ова е трепат како го фаќа крстот. -Сите да сте живи и здрави, изјави Нинески.
На среќата на Нинески се радуваа и другите верници, кои скокнаа во Вардар, па додека тој се пробуваше низ толпата за да дојде до г.г. Стефан, сите го бакнуваа осветениот крст.
И годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организираше традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Манифестацијата се одржа на мостот „Слобода“, кај хотел „Холидеј ин“.
Погледнете дел од амосферата низ фотографиите на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски: