Приведена гостиварка, среде бел ден извршила „тешка кражба“ во маркет – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/23 11:43 AM

Приведена гостиварка, среде бел ден извршила „тешка кражба“ во маркет

Полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера во 14:50 часот во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода гостиварката С.Ш.(36).

Како што информираат денеска од МВР, С.Ш. била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“.

Гостиварката С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.