Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/18 3:15 PM

Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија

Идните претприемачи ќе добијат поддршка од професорите на штипскиот Универзитет  и Машинскиот факултет на УКИМ,  при првиот центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија кој отпочнува работа на национално ниво. Претприемачите своите иновативни идеи ќе може да ги преточат во конкретни решенија и полесно да ги искористат европските и домашните средства за финансирање, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Неговата уникатна компонента е што за прв пат во Република Македонија имаме трипартитен систем кој ќе им овозможи на малите и средните претпријатија и иновативните идеи како да се развијат и поддршка не само од финансии туку и поддршка од аспект на трансфер на знаења, подобрување на нивните капацитети, човечки ресурис и надградбата на нивното знаење. На едно исто место преку овој трипартитен систем и преку овој прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија ќе успеат да им овозможат на сите оние маргинализирани стартапи и бизнис идеи да се реализираат себе си и да го постигнат сетоа она кое досега немале можност“, вели Даниела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија.

Самата европска референца за регионалниот бизнис иновациски центар значи во воспоставување и имплементирање на европска методологија на програми и акциони планови на европските иновациски центри.

„Акцелераторот значи отворен пристап на сите компании во развој на иновации, идеи и користење на  средства од европските фондови. Покрај тоа што ќе бидат користени средствата од европските фондови истиот модел на акцелератор ќе работи со користење на мрежата на бизнис агнели“,  истакна, Ксенија Вангелова , директор на регионалниот центар за бизнис иновации.

Микро, малите и средните претпријатија играат централна улога во нашата земја и во Економската заедница. Потврдата за нивното значење во една економија е фактот што во Европската Унија од 28 земји членки, околу 23 милиони мали и средни претпријатија обезбедуваат околу 75 милиони работни места и претставуваат 99% од вкупните претпријатија.