Штип: Сегашниот и екс директорот на „Стипион“ си ги менуваат местата во Управниот одбор на ЈП „Исар“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/23 2:57 PM

Штип: Сегашниот и екс директорот на „Стипион“ си ги менуваат местата во Управниот одбор на ЈП „Исар“

Кирил Зајков излегува од Управниот одбор на ЈП „Исар“, а на негово место се очекува да биде назначен Игор Ефтимов. Зајков е новиот в.д. директор на ЈП „Стипион 2011“, наследник на Игор Ефтимов, кој си поднесе оставка од директорското место.

На денешната седница на Советот на Општина Штип беше прифатено барањето на Зајков за излегување на Управниот одбор на „Исар“. Замена за Зајков не е предложена, но како што дознаваме, на негово место ќе биде предложен Игор Ефтимов.

 

В.К.