По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство.
–За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието. Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство. Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата. Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат од Градот