Има 36 деца и се жени исклучиво со девици: Кралот Мсвати Трети води расипнички живот, додека населението живее во сиромаштија – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/23 9:00 PM

Има 36 деца и се жени исклучиво со девици: Кралот Мсвати Трети води расипнички живот, додека населението живее во сиромаштија

Мсвати Трети е крал на африканската држава (е)Сватини (eSwatini),  позната и како Свазиленд. Тој дојде на престолот четири години по смртта на неговиот татко во 1986-та година.

Роден е како втор од вкупно 67 сина на кралот Собхуза Втори и единствено дете на Нтомби Твала, една од жените од кралот. Мсвати Трети е роден само пет месеци пред Свазиленд да добие независност од Велика Британија. Неговото име Мсвати значи крал на нацијата. Кога умрел на 84-годишна возраст, таткото на Мсвати имал 70 жени, 210 деца и 1000 внуци. Од сите деца највеќе го сакал Мсвати па одлучил тој да управува со земјата.

Мсвати (55) има дури 15 сопруги, а тоа го прави владетел со најмногу жени на светот. Тој се жени исклучиво со девици, а сопруга секогаш одбира на голем „собир“ на кој илјадници невини девојки танцуваат голи пред него па тој ја зема најубавата.

Ваквиот собир или „фестивал“ кој е познат како Умлаханга се одржува еднаш годишно и на него учествуваат околу 20.000 млади девојки.

„Кралот го обожава Умлаханга. Тогаш илјада преубави девици танцуваат само за него, а тој има задача од нив да ја избере најубавата. За да може официјално да се ожени со својата избраничка, девојката мора да остане бремена. Со таквиот чин таа докажува дека е соодветна за да биде сопатничка на кралот. Потоа следува и свадба“, објасни портпаролот на Кралот.

Традиционалната култура на Свазиленд вели дека кралот треба да се ожени со по една девојка од секе племе, за да може да има цврсти врски со сите делови на државата. Во една прилика, на кралот му привлекла внимание тогаш малолетната, Тиквало Гобени, која побегнала од Африка барајќи азил во Велика Британија. Девојката била исплашена и не сакала да се омажи за кралот бидејќи имала само 15 години.

„Почна да ме опседнува со прашања дали би сакала да бидам дел од кралското семејство. Не знаев каде да се обратам, но знаев дека не сакам таков живот. Неговите жени живеат во палата, опкружени со чувари и без можност да излезат некаде без негова дозвола. Единствено добро е тоа што кралот еднаш годишно ги праќа на шопинг во Америка“, изјавила своевремено девојката која денес има 33 години.

Нејзината тетка ѝ организирала бегство од Свазиленд во Англија, каде таа ѝ се придружила на свјата мајка која пет години порано и сама избегала од земјата, напуштајќи го својот насилен маж.

Гобени денес е една од гласноговорничките за борба против репресивниот режим во Свазиленд. Според кажувањата на луѓето од кралскиот двор, сите жени на кралот живеат во слога, сместени во неколку кралски вили. Тоа и не е тешко, имајќи предвид дека Мсвати Трети кој е татко на 36 деца, има имот од 200 милиони долари, со што е еден од најбогатите кралеви на светот. Поради неговото расипништво тој често е на удар од страна на медиумите, со оглед на тоа што голем дел од населението таму живее во сиромаштија. Луѓето во оваа африканска земја преживуваат со по 1,25 долари во просек на ден. Свазиленд е една од најсиромашните земји на светот и една од последните апсолутни монархии каде кралот ја има целата моќ.