Од вкупниот бпрој на регистриран правни лица во Република Македонија, само околу 5% или 3500 компании се извозно ориентирани , 81% од компаниите се во категорија микро и мали претпријатија, 15,8% се средни, а само 3,2 % од вкупниот број на извозни компании се големи компании. Иако малите компании се најбројни , сепак големите компании се моторот или оние кои креираат дури 80% од вкупниот извоз на стоки во државата, вели Глигор Цветанов, претседател на Клубот на извозници при Стопанската Комора на Македонија.
„Најголем трговски партнер на Република Македонија е Германија, со која бележиме суфицит во размената, односно повеќе извезуваме отколку што увезуваме. Значајни партнери се исто така Бугарија, Србија, Грција, Италија, Романија, Шпанија, Турција и Велика Британија“, вели Глигор Цветанов претседател на Клубот на извозници при Стопанската Комора на Македонија.
Од Стопанската комора велат, мора да се зголеми уделот на извозот во БДП од сегашните 50% на 75%. Надминувањето на проблемите кои претставуваат пречка за извозот на домашните компании е главната цел на Клубот на извозници при Стопанската комора кој има изготвено каталог на извозно ориентирани компании.
„За да имаме извозен производ најпрвин треба да ја одработиме домашната задача, а тоа е да креираме производ кој е дизајниран, конкурентен, квалитетен и согласно стандардите на земјата каде што се извезува. Светскиот пазар е преплавен од сите земји од сите производи и успеваат само тие што се наметнуваат со квалитет и конкурентна цена“, изјави вели Глигор Цветанов претседател на Клубот на извозници.
На новинарско прашање дали моменталната политичка ситуација влијае врз извозот, Цветанов потенцираше дека повеќе ќе влија е на охрабрувањето на компаниите повеќе да инвестираат.
„Не гледаме дека политичката ситуација или ако Македонија влезе во политичка криза би влијаело на извозната кативност на компаниите, можеби ќе влијае повеќе на нивното охрабрување да инвестираат, да растат со капацитети или пак да сакаат да отвараат нови пазари“, изјави претседател на Клубот на извозници, Глигор Цветанов.
Извозот претставува стратешки одговор за растот на секоја компанија но и за економијата на секоја држава. Извозот и новите можности македонските компании ќе може да ги остварат преку Каталогот на Клубот на извозници при Стопанската Комора на Македонија.