Сфатив дека убавината и парите не значат ништо, вели манекенката Нина, која се бори со епилепсија – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/23 1:04 PM

Сфатив дека убавината и парите не значат ништо, вели манекенката Нина, која се бори со епилепсија

За жал, некои од нас не ја паметат по убаво минатата година, а една од нив е Нина Бојановиќ, младата девојка од Копривница која во јавноста е попозната како Мис наднационал на Хрватска. Таа е млада девојка со епилепсија и поголемиот дел од времето го поминува на лекување во болница, која го замени нормалниот живот, информира Глас Подравине.
– Поминав се и сешто во последните шест месеци, и тука не е крајот. Епилепсијата е болест за која малку се зборува, но е многу сериозна и не можете да ја контролирате. Тешко ми е, не се справувам добро во моментов бидејќи тоа е нешто ново за мене. Се обидувам да застанам на нозе и психички, и физички, со помош на семејството и лекарите –  раскажува Нина, која на 20-годишна возраст двапати била во индуцирана кома и двапати на вентилатор,  за да не добие срцев или мозочен удар.

 


– Сфатив дека убавината и парите не значат ништо бидејќи ништо не е поважно од здравјето и семејството. Се занимавав со манекенство и станав Мис наднационал на Хрватска, но искрено ќе кажам дека тој избор не ми требаше. По природа сум прилично срамежлива и недоволно самоуверена за да се снајдам со таа титула и да бидам во таков свет – вели Нина.
Во моментов најважно и е да застане на нозе и повторно да се фокусира на себе.
– Епилепсијата ме уништи во многу области од мојот живот. Не можам да излезам како сите мои врсници, ми е одземена возачката дозвола како и некои од работните места за кои сонував. Од времето поминато внатре, во болница, се плашам да излезам бидејќи добивам напад на паника или анксиозност – вели таа.

Извор: Глас Подравине

Фото: Приватна архива