Штипските ловџии организираат хајки за диви свињи – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/18 1:58 PM

Штипските ловџии организираат хајки за диви свињи

Почна ловната сезона во штипскиот регион. Во текот на викендот ловното здружение „Ловец“ од Штип организираше хајка на диви свињи. Николче Малинов од „Ловец“-Штип појаснува дека овие хајки се на барање на жителите од лакавичкиот и плачковичкиот регион, бидејќи во текот на летото имале големи штети на земјоделските култури од дивите свињи. Во хајката учествувале 200 ловџии, а се отстрелани вкупно три диви свињи.

– Ловната сезона започна, а сега на 11 Октомври почнува главната сезона за отсрел на див зајак, еребица и секкако останува дивата свиња, вели Малинов.

Тој денеска информираше дека како ловно здружение ќе имаат и организирани хајки и за штетен дивеч, а се лови на сите седум ловишта, кои се дадени под концесија на ловното здружение „Ловец“-Штип.

Извор:МИА